СДСМ: За Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ важни се само народните пари

Целиот мандат на поранешниот дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски беше исполнет со ширење лажни вести и однесување спротивно на интересите и потребите на земјоделците..

Одржување партиски прес-конференции во работно време, кривична пријава за злоупотреба на службена должност, организирање партиски протести на лажни земјоделци и неовластено снимање на вработени во подрачна единици на Министерството, се резултатите на Трипуновски во земјоделството.

Денес, со барањето за апанажа, Трипуновски само потврдува дека народните пари му се најважни и дека сета негова наводна загриженост за земјоделството е лажна и лицемерна.

Тоа се кадрите на Христијан Мицкоски, неодговорни личности кои работат единствено за свои лични интереси, а никогаш за интересите на граѓаните. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат во опозиција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top