СДСМ: Заврши мандатот на Иванов, продолжуваме напред

Соопштение на СДСМ.

После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата, се наведува во соопштението на СДСМ.

Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција.

Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.

Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок.

Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ.

Граѓаните избраа напредок и напредокот продолжува.

Република Северна Македонија заврте нова страница на напредок, сигурна и стабилна иднина, членство во НАТО и ЕУ.

Режим никогаш повеќе, продолжуваме заедно напред!



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top