Се асфалтира мостот кон кочанско Оризари

Патничките возила се пренасочуваат преку населбата Оризари..

Поради асфалтирање на мостот на Оризарска река, делница од новиот патен правец кон кочанската населба Оризари, од изутринава од 7:00 часот затворена за сообраќај за сите видови тешки моторни возила е делницата од Виничка клучка до Оризари.

– Асфалтирањето на мостот е дел од новоизградената улица „Гоце Делчев“ во Оризари, значаен проект вреден 260 илјади евра. Оваа улица ќе го поврзува Оризари со магистралниот пат Кочани-Виница. Должината на патот е 743 метри со ширина на коловозот од 7 метри и тротоари од двете страни на коловозот од по 1,5 метри, изјави Драги Илијевски од Општина Кочани.

Грантот е добиен со помош на ЕУ- ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260 илјади евра. Илијевски посочува дека со ова ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на животот и работните услови во населбата Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возилата и подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.

За оваа намена, како што кажа тој, од Проектот за подобрување на општинските услуги, се издвоени околу 56 илјади евра од општинскиот буџет.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top