Се бара нов напаѓач: Реал во трка по младата ѕвезда на Сити

Карим Бензема има 32 години, Лука Јовиќ не се вклопи најдобро во тимот, па Реал Мадрид ќе мора да бара нов напаѓач идното лето..

Дон Балон тврди дека изборот паднал на младиот фудбалер на Манчестер Сити, Габриел Жезус кој е еден од најдобрите во Премиер лигата, но често има проблеми со повреди. 

Тој ја игра третата сезона во премиерлигашот и досега на 72 натпревара постигна 29 гола.

Неговиот евентуален трансфер на Бернабе сигурно нема да биде евтин, се претпоставува дека Реал ќе треба да плати најмалку 100 милиони евра за да го однесе во Мадрид.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top