СЕ ЧЕКА ОДЛУКА ЗА ЗАТВОР: Последен ден на слобода за Груевски или сепак не?!

Јавноста е во исчекување што ќе одлучи Кривичниот совет по жалбата на екс премиерот Никола Груевски да му се пролонгира затворската казна..

Дел од медиумите пренесоа дека Груевски експресно ја обжалил одлуката за одбиената молба за одложување на затворот а рокот почнува да тече кога жалбата ќе стигне на адреса на Кривичниот совет.

Имено, денеска Собранието ќе расправа по прашањето за имунитетот на пратеникот Груевски.

Денес ќе се носи одлука за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ кој е осуден на две години затвор за купување на луксузен мерцедес или случај со кодно име „Тенк.“


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top