Се е бетер и бетер, а ние се помалку паламудиме

Фејсбук статус на Јове Кекеновски.

• Јово превара и понатаму прв човек во судството;

• Јовевски чесен, но не доволно иницијативен и авторитетет;

• Шефот на ОЈО за организиран криминал меѓу чеканот и наковалната. Кому повеќе да му удоволи, а притоа сите да бидат задоволни?!. 

• На чело на Совет на јавни обвинители човек кој учествувал во укинувањето на притворот на С.К.

• Судскиот совет со фластер на устата;

• Судии и обвинители вмешани во многу афери;

• Уставниот суд на продолжен одмор. Ќе проработи кога ќе добие наредба од властодршците како да постапи по сите досега поднесени иницијативи; 

• Мораториум за гонење на организаторите и инспираторите за 27 април;

• Аферата ,,Рекет” засега во лер, се бара чаре за спас на неколумина;

• Влада е тапа во секој поглед; 

• Опозицијата игра само на картата да се спасат неколумина обвинети од партиското раководство и со мислата дека фотељите и функциите веќе им се на дофат. На големо си делат функции меѓу себе.

Е ЗАТОА НЕМА ДА НЕ БИДЕ БИДЕЈЌИ СЛАБО И ТИВКО ПАЛАМУДИМЕ


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top