Се е готово: Реал по новиот тренер, го доведе и „новиот Нејмар“!

Реал Мадрид извојува слатка победа против најголемиот ривал Барселона, но и против Ливерпул и ПСЖ..

Денеска е мошне значаен ден за Реал Мадрид, откако со именувањето на новиот тренер Жулен Лопетеги започнуваат нова ера.

А ново лице во Реал ќе биде и Родриго, пренесува „Марка“.

Суперталентираниот Бразилец има смао 17 години, а веќе е стандарден првотимец на Сантос.

Во татковината го споредуваат со Нејмар, може да покрие неколку позиции во нападот и успеа да постигне пет гола на десет првенствени натпревари во првата сениорска сезона.

Кога станува збор за „Кралскиот клуб“, цената не е пречка.

Тие ќе му платат на Сантос 40 милиони евра веднаш, а уште пет ќе уплатат доколку се остварат одредени бонуси.

Тинејџерот ќе инкасира плата од 4 милиони евра годишно, а должината на договорот засега е тајна.

Двете страни се договорија Бразилецот да остане во Сантос до јуни следната година, кога ќе наполни 18 години и ќе има право да ја промени средината.

„Имавме понуди од Ливерпул, ПСЖ и Барселона, но ја прифативме онаа на Реал. Му дадовме на Родриго дозвола минатата недела да одлета за Мадрид со цел да ги заврши лекарските прегледи“, откри Хозе Карлос Перес.

Официјалната информација од Реал се очекува вечерва или утре.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top