СЕ Е ПРОСТЕНО:Пророкот Мухамед со солза во окото е новата насловна на Шарли Ебдо

Сатиричниот весник Шарли Ебдо го објави изгледот на насловната страница на бројот кој ќе излезе во среда, во 3 милионски тираж, испечатен на 16 јазици.

Една недела по трагедијата во Париз кога беа убиени 10 новинари и двајца полицајци, неделникот Шарли Ебдо утре ќе се појави со насловна на која е карикатурата на пророкот Мухамед кој со солза во окото држи транспарент „Јас сум Шарли“, а над цртежот пишува „Tout est Pardonne“, што значи „Сè е простено“.

За разлика од вообичаениот тираж од 60.000 примероци, списанието овој пат ќе можат да го купат дури 3 милиони читатели во 25 земји и ќе биде испечатен на 16 различни јазици.

Карикатурата која синоќа беше доставена до агенцијата Франс Прес ја потпишува Луз, еден од преживеаните карикатуристи на весникот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top