Се јави и Мурињо по шоковите кои ги приредија Ајакс и Јунајтед

По пласманот на Ајакс и Манчестер Јунајтед во четвртфиналето во ЛШ, стигнаа честитките од Жозе Мурињо за тренерите на двете екипи..

По првите осминафинални пресметки, Ајакс и Јунајтед беа екипите кои беа пред елиминација, но го сторија невозможното, победија нагости и ги изненадија сите.

„Честитки до Тен Хаг и Солскјер, тренерите на двете екипи, ова за нив е голем успех. Почит за нив, ова е голем резултат за двете екипи, беа ментално силни, имаа верба во себе, ова се посебни денови за двајцата тренери“, порача Мурињо.

Мурињо по заминувањето од Манчестер Јунајтед, е слободен агент, а како штп пишуваат шпанските медиуми, Португалецот е блиску до кам-бек во Реал Мадрид.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top