Се јави Ванеса Брајант по титулата на Лејкерс: Ви честитам, Коби за едно беше во право!

ЛА Лејкерс освоија конечно титула, 17-та во нивното клупско постоење, со што се изедначија со најтрофејните, Бостон Селтикс..

Оваа титула „езерџиите“ му ја посветија на трагично загинатиот легендарен кошаркар од оваа екипа, Коби Брајант.

Веднаш по освоената титула, честитка до Лејкерс стигна и од сопругата на Коби, Ванеса Брајант.

„Ви честитам, вујче Пи (мислејки на Роб Пелинк, генералниот директор на Лејкерс). Ви честитам на сите, Коби беше во право. Држете го овој курс. Штета што Коби и Џиџи (Џијана) не го гледаат ова, посакувам да беа овде“, порача Ванеса во емотивно издание, сеќавајки се на загинатиот сопруг.

Коби да потсетиме загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговата помлада ќерка Џијана.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top