СЕ КОРИСТАТ СИТЕ НАЧИНИ ДА НЕ ОДИ ВО ЗАТВОР: Груевски уште ќе се шета на слобода

Екс лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски, останува и понатаму на слобода, иако вчера требаше да се јави на издржување двегодишна затворска казна..

Причината за тоа е фактот дека Кривичниот совет уште ги добива жалбите на одлуката да не се одложува одењето на Груевски на издржување казна, а рокот од 72 часа да одговори на жалбата истекува во понеделник.

Иако повеќето медиуми проценуваат дека шансите да му се одложи заминувањето во затвор на Груевски се многу мали, Груевски уште неколку дена ќе се шета на слобода.

Во меѓувреме, екс премиерот настојува да остане на слобода и преку Врховниот суд бара вонредна ревизија на пресудата, што сепак не го одложува извршувањето на пресудата.

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања пак одлучи на Груевски да му се укине пратеничкиот имунитет. Сепак, за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, а се поизвесно е дека тоа нема да биде обезбедено.

Груевски е осуден на две години затвор поради незаконитости во набавката на „мерцедесот“ купен во 2012 година и платен скоро 600 000 евра.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top