Се „крчка“ ли голем трансфер: Таткото на напаѓачот виден во базата на Јунајтед

Како една од големите желби и тоа на врвот на листата на трансфер цели во Манчестер Јунајтед се наоѓа новото чудо од напаѓач на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд..

Норвежанецот е мета на бројни европски гиганти, а токму „црвените ѓаволи“ се вбројуваат во листата на фаворите, пред се поради тренерот Оле Гунар Солскје кој е негов сограѓанин.

Сезонава настапи на Халанд пред се во Лигата на шампионите со импресивната гол статистика ги натераа големите клубови сериозно да загризат за неговиот потпис.

Дејвид Орнстајн, новинарот на „Атлетик“, пренесува дека таткото на Халанд деновиве бил забележан во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед.

Станува збор за Алф Инге Халанд кој истот така беше врвен фудбалер, настапувајќи во Премиер лигата за Нотинген Форес, Лидс и Манчестер Сити.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top