СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Македонија во изминативе две години доживеа тренд на опаѓање на бројот на учениците во училиштата..

Имено, според најновите податоци од Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/16 година, бројот на учениците во редовните училишта бил 185.119, што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година, кога имало 188.361 ученик.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците во 2015/16 година бил 77.625 што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година, кога имало 81.788 ученици.

Интересно е што и покрај тоа што бројот на ученици се намалил, во 2015/16 година во редовните основни училишта се зголемил бројот на наставници. Во 2014/15 година имало 17.664 наставници во редовните основни училишта, додека во 2015/16 имало 17.791 година.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top