Се намалуваат казните за електронски дневник

Според него измените се резултат на позитивната соработка со синдикатот..

Наместо досегашните 1.000 евра казните за наставниците што нема да внесуваат оценки во електронскиот дневник, ќе се намалат на 300 евра, најави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. 

Според него измените се резултат на позитивната соработка со синдикатот. Просветната инспекција исто така, ќе има право да врши надзор во електронскиот дневник еднаш неделно, наместо еднаш дневно како што беше досега. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top