Се одбележуваат 19 години од загинувањето на десетмината бранители кај Карпалак

Десетте прилепски бранители кои на подмолен начин беа убиени кај месноста Карпалак на 8 август 2001 година длабоко се врежани во поновата македонска историја..

Прилеп никогаш нема да ги заборави. Беше истакнато на денешното одбележување на 19 годишнината од овој крвав настан..

За време на конфликтот се бранеше суверенитетот и територијалниот интегритет на самостојна и независна Македонија.

За жал се уште нема одговор на прашањето како при транспорт на резевистите од Прилеп кон тетово загинаа овие бранители.Како што нема одговор за многу неостварени права на бранителите од земјава.

На споменикот од комплесот Карпалак владини воени политички и делегации на семејствата од загинатите беше положено свежо цвеќе.

Од утрово беа посетени и нивните гробови а паинихида во нивна чест се одржа во црквата света петка во градот.

Делегација од Прилеп утрово свежо цвеќе положи и на Карпалака на патот Скопје-Тетово.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top