Се огласи Јане Ченто: Еве што порача за претседателските избори

На фејсбук страницата “Слобода за Јане Ченто” беше објавен текст од Јане Ченто, пренесен од неговата мајка..

„Драги пријатели,

победата и сами знаете оти е блиску.
Таа ќе стане уште поблиска и поскоро ќе биде спечалена, ако секој чесен македонски граѓанин не си ги губи деновите држејќи се настрана од оваа борба против оваа криминална власт. Секој загубен ден е продолжување на животот на оваа криминална банда, продолжување на нивните ѕверства и малтретирање на секој оној кој мисли различно од нив.

Секој треба да биде свесен за оваа вистина и за одговорноста која ќе ја понесе секој пред сопствената совест и пред граѓаните на Република Македонија.

Затоа ве повикувам, мои роднини, мои пријатели, сите оние кои што ме познавате, сите оние кои сакаат да си оди оваа криминална власт, тоа да го докажете во битката која предстои а тоа се претседателските избори на која ќе застанеме зад Проф. Гордана Силјановска Давкова и уверен сум дека ќе победиме на предстојните избори и ќе ја испратиме оваа банда во историјата.

На 21 Април нема да гласате само за Гордана Силјановска Давкова туку ќе гласате и против ова зло предводено од Зоран Заев, запомнете го тоа. Овие избори треба да го означат почетокот на крајот на Зоран Заев и неговата криминална банда.

Почитувани пријатели, истомисленици, борци против овој режим, време е да се обединиме во интерес на Република Македонија во пресрет на изборите кои следат, да се обединиме против ова зло кое владее со Македонија и да ги поразиме на овие избори а со тоа се отвора патот да му го зададеме последниот удар на предвремените парламентарни избори на есен.

Како сите народи, големи и мали, така и ние сме исправени пред дилемата да избереме еден од двата спротивставени фронта, два системи, две гледишта за нашата татковина.
Во овие моменти, ние како поробен народ и држава треба да застанеме категорично на фронтот на демократијата, слободата и правдата.
Тоа е долг на секој од нас кој што ја сака оваа татковина.
Можеби сите имаме грешки, но сега е моментот да се сплотиме под знамето на Република Македонија, сите кои се против овој режим, Македонија не вика.

Сите граѓани на Република Македонија ја видоа политиката на Зоран Заев која се состои од заткулисни зделки и одлуки кои се штетни за Република Македонија. Ова ли е правдата да ги пуштаат од притвор тие што му требаат за да обезбеди 2/3 мнозинство во Собранието, пазар кој сите го гледаме и ден денеска. Тие ли се европски вредности, со уцени за да се собира 2/3 мнозинство во Собрание? Не би рекол.

Јас сум уверен дека народот нема веќе доверба во оваа банда која е на власт, бидејќи се разголија и видовме колку вредат.
Видовме банда која краде, уништува, монтира судски процеси, мести тендери и носи штетни историски одлуки за Република Македонија.

Ситуацијата од ден на ден се влошува, има обид да се лишат македонците од своите историски сеќавања и ги принудуваат во објекти на принудна асимилација.

Државните институции се узурпирани од банда на криминалци и мора да ги ослободиме за да имаме правна држава.

Ние денес сме на крстопат, но мораме да решиме дали сме подготвени да ги браниме државните интереси и интересите на граѓаните или вечно ќе се предаваме и ќе се повлекуваме пред овие бандити. Со оваа банда која е на власт ние од ден на ден доживуваме национален дебакл и катастрофа во која тонеме се подлабоко. Погледнете насекаде околу вас и ќе видете разочарани и понижени граѓани, наведнати глави, тажни лица, слика која е одраз на тешкиот денешен живот. Имаме општ распад на системот на сите полиња.

Доживеавме премиерот и министрите во Владата на СДСМ да ги преќутуваат нашите браќа и сестри во Егејска Македонија и да се плашат да кажат дека таму има луѓе што зборуваат македонски јазик и кои се изјаснуваат како Македонци. Па тоа ни во најцрните ропства не го правеле нашите поробувачи, а денес премиерот на Република Македонија го прави тоа и негира дека таму живеат македонци кои зборуваат македонски јазик.

Затоа ве повикувам сите и десни и леви и оние од центарот, да се обединиме против ова зло, да го тргнеме овој јарем кој ни го ставија а потоа да ја градиме Република Македонија.

Имам порака и до оние кои сакаат да бојкотираат а тоа е: драги пријатели, имате шанса за бојкот во вториот круг ако видите дека оваа криминална банда ги краде изборите, затоа ве повикувам и Вас, излезете во првиот круг на 21 Април и не го бојкотирајте првиот круг, напротив излезете масовно и со пенкало во рака урнете ја оваа банда уште во првиот круг, нека видат дека народот не стои зад нив, и дека народот ја враќа Државата во свои раце.

Да се избориме за перспективна и прогресивна Република Македонија , да се потпреме на сите оние кои и мислат добро на оваа држава и имаат морална вредност, бидејќи на Македонија и треба еволуција.
Никој не треба да се води од лични амбиции, туку од взаемните вредности, да се обединат напорите за решавање на проблемите кои секојдневно ги демнат македонските граѓани.

Моменталната слика во Собранието што ја гледаме, не е Собрание на интелектуалци и луѓе кои што и мислат добро на својата татковина, туку е толпа лакома за пари и зависна од неколку луѓе.
Чест на исклучоци.

Во борба против оваа банда која е на власт треба да учествуваат вистинските синови и ќерки на Република Македонија , само тие може да имаат смелост, храброст и издржливост за да победиме против ова зло.
Оваа влада на чело со Зоран Заев нема праведна моќ која потекнува од македонските граѓани. Во овој момент Македонија не е Република, туку владее одвратен деспотизам и тоа мора да запре.

Овие што ја туркаат Македонија да се самоукине се паразити полни со лицемерие и подла суровост.
Македонските граѓани ја откријаа подлоста и лицемерието на овие паразити и ќе му се спротистави на 21 Април кога ќе му даде жолт картон.

Сега е моментот сите партии, здруженија, поединци да ги исполнат нивните стремежи и да започне нова ера на соработка против оваа криминална власт.
Никој не треба да ги игнорира неправдите од минатото, лекциите од историјата, но сега е моментот да се сплотиме, бидејќи тоа го бара нашата таковина.

Ве повикувам сите добронамерни граѓани кои ја гледаат оваа неправда што се случува во Мaкедонија да излезете на 21 Април и да ја поддржите Проф. Гордана Силјановска Давкова за иден претседател на Република Македонија.

Со победата на Проф. Силјановска ќе бидеме на еден чекор да го отфрилме ова ропство во кое не држи оваа банда.
По победата на Проф. Силјановска ќе има предвремени избори на есен , а тогаш сите партии ќе покажат колку вредат и врз тоа ќе имаме нова власт во Република Македонија која ќе биде чесна, достоинствена и праведна.

Од слободниот човек не може да се направи роб, затоа што слободниот човек е слободен и во затвор.

Да живее Република Македонија!“, се вели во објавата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top