СЕ ОГЛАСИ МИХАЕЛ ШУМАХЕР: Фановите не ја кријат среќата!

Поранешниот светски шампион во Формула 1 кој пред три години доживеа несреќа од пад со скии, ги израдува фановите..

Тој ги израдува своите фанови ширум светот со официјално појавување со лично негов профил на една од најпопуларните социјални и друштвени мрежи.

Фановите ширум светот се сеќаваат на иконата на Формула 1 која пред точно 22 години ја оствари својата прва победа во кариерата.

Шумахер по несреќата дел од времето го помина во вештачка кома, а последните 12 месеци се опорава во својот дом, во кругот на своите најблиски, а било какви информации за неговата здравствена состојба се кријат во тајност.

Се претпоставува дека зад службениот профил стои неговата фамилија или некој кој му е многу близок, а единствена намера е сплотување на фановите на едно место како би разменувале спомени од великанот во Формула 1.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top