Се огласи Тортевски: Еве колкава казна затвор е предвидена за насилството на лицата во Штип

Полицијата во Штип вчера соопшти дека се приведени двете лица кои се осомничени дека претепале 21-годишна девојка во влез на станбена зграда..

Целиот случај лицата го снимиле на мобилен, а видеото кружеше на социјалните мрежи.

Од штипското јавно обвинителство соопштија дека дале насоки и чекаат да заврши постапката околу собирањето на доказите за случајот.

Тимот од Центарот за социјална работа-Штип на девојката веќе има понудено психосоцијална поддршка.

Случајот наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи, а граѓаните бараат најстроги казни за насилниците. 

Според адвокатот Александар Тортевски делото е извршено од 2 лица и потпаѓа под став 3 за кој е предвидена казна затвор до 5 години. Ако и била нанесена тешка тел. повреда, казната е до 10 год.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top