Се почна од Скопје, а завршува на „Вембли“: Англија ќе го поздрави за последен пат Руни!

Вејн Руни вечерва ќе биде присутен на Вембли, каде ќе добие посебни почести и заслуги за убавата кариера во дресот на репрезентацијата..

Тој е прв стрелец во историјата на фудбалот во Англија, а островјаните вечерва ќе му ги дадат сите почести.

Долга и шаренолика беше кариерата на Вејн Руни во дресот на Англија, а добро се сеќаваме дека сето тоа почна баш од нашиот главен град, Скопје.

Блескавата кариера на тогаш младиот Руни почна од нашето најголемо спортско здание, сегашната арена „Филип Втори“ кога нашата репрезентација прва поведе со голот на Ѓорѓи Христов, но бевме поразени со 2:1 на крајот, тоа беше 6 септември 2003 година.

Вејн Руни има преку 120 настапи за Англија, во кои има постигнато најмногу голови, вкупно 53, а вечерва против Америка на „Вембли“ ќе го одигра последниот меч за својата репрезентација.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top