Се подготвува бомба: Џеко на чекор од Интер!

Босанскиот репрезентативец ќе остане во Италија, но својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во екипата на Интер..

Газета дело спорт тврди дека Рома и Интер веќе долго преговараат, а повторно треба да се сретнат по последното коло што се игра за десетина дена. Наводно, Џеко треба да биде подарок за Антонио Конте кој најверојатно ќе го преземе Интер.

Сумата што ќе ја добие Рома за својот фудбалер изнесува околу 15 и 20 милиони евра, а Џеко ќе си замине од Рим по четири фантастични сезони во тимот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top