СЕ ПОДЛАБОКО ВО ЈАМАТА КОЈА САМИОТ СИ ЈА ИСКОПА

Фејсбук статус на Јове Кекеновски.

Синоќешното последно јавно и пред се срамно обраќање на Никола(е) Груевски по којзнае кој пат го покажа неговото грдо лице. По којзнае кој пат се впушти во блефирање и бесрамна манипулација, па дури се охрабри и да се заканува. 

Се на сè човекот се појасно покажува дека смртно е исплашен од она што го очекува и се обидува со сите сили што е можно повеќе луѓе да ,,повлече” со него. Малку му беше 27 април, па сега се обидува да изманипулира нова група на граѓани кои наместо него би го ,,јаделе стапот” во деновие кои ни доаѓаат. Неговата филозофија и сценарио е: ,, Дај малку хаос да направиме, имаме спремни луѓе кои ќе се жртвуваат (читај ,,окркаат”) за нас, па потоа ќе им се извинам и ке барам да ги ослободат”. Еееее малку морген. Тој заборавил дека веќе виденото сценарио не поминува повеќе пати на ист начин.

Но, да го оставиме и понатаму да се прпелка во сопствената кал и малку да се осврнеме на обидот за непризнавање на локалните избори. Непризнавањењто на локалните избори е најобична флоскула, но пред се проsирен и смешен блеф која нема да има никаков ефект. Причините се следни:

1. Доколку сметаше дека изборите не треба да се признааат тоа ќе го стореше уште по првиот круг на изборите пред две недели. 

2. Најголем број од избраните советници на советничките листи веќе си ги имаат подигнато своите уверенија и на тој начин ги легитимираа изборите. Тешко е да се поверува дека некој од нив во иднина нема да присуствува на седниците на советите. Доколку се случи некој да се откаже од советничката функција, следува следниот од листата. И тука се завршува приказната за општинските совети.

3. Трите избрани градоначалници во Коалицијата на ДПМНЕ во првиот изборен круг минатата недела си ги превземаа своите функции и со тоа и тие ги легитимираа локалните избори. Гарантирам дека еден од нив нема да ја напушти функцијата. 

4. Истото се однесува и на избраните градоначалници во вториот круг кои вложија многу труд, енергија и сопствени финансиски средства за да сега си дозволат луксуз и да следат наредби на една некредибилна личност чиј крај е веќе познат. Новиот Градоначалник на Кавдараци веќе го повика својот противкандидат заеднички да го испијат првото кафе во општината.

Наравоучение: Питер Бројгел – постариот ,,Секоја група луѓе која е водена од „слепец“, на крајот завршува во длабока јама од која нема излез и спас“. За среќа поголем дела нашите слепи и заслепени прогледаа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top