Се поизвесна е разделбата: Крос планира да си оди од Реал!

Германскиот репрезентативец Тони Крос ги разгледува сите можности за заминување од Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок, тврди шпанскиот спортски дневник АС..

Според весникот, со оглед на тоа што е член на Реал од 2014 година, искусниот плејмејкер смета дека е завршен циклусот тука и дека е време за промена. Оваа сезона тој се почесто добива критики за својата игра, а дека не е во најдобра форма доказ беше натпреварот против Ајакс во Лигата на шампионите на кој загуби 24 топки и имаше 11 погрешни додавања.

Од своето доаѓање во Мадрид, Крос освои 12 трофеи меѓу кои три во Лигата на шампионите и беше меѓу најдобрите играчи на тимот во овој период.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top