Се повеќе екс играчи предвидуваат: „Стаклениот“ ќе биде новата 100 милионска инвестиција на Јунајтед

Поранешниот фудбалер и член на „непобедливите“ од Арсенал, Реј Парлоу, смета дека играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, доколку се врати на островот, го преферира Манчестер Јунајтед како негова следна дестинација..

Долг период се зборува дека Реал конечно ќе се ослободи од „стаклениот“ играч и дека за неговото заминување ќе наплатат барем приближна сума која ја платија на Тотенхем пред неколку сезони.

Доколку Герет биде достапен за трансфер, тој совршено ќе им одговара на Манчестер Јунајтед“, смета Парлоу.

Ваквата изјава сигурно ќе придонесе за уште поголем проток на трансфер шпекулации помеѓу Бејл и Манчестер Јунајтед.

Велшанецот е фантастичен играч, но откако се пресели во Реал Мадрид, честопати имаше големи повреди и долго отсуствуваше, па го немаше континуитетот кој го имаше порано во Тотенхем, па можеби токму поради тоа ќе реши да замине од кралството.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top