Се повеќе ученици и деца на протестите за Заедничка Македонија!

Дека децата навистина се злоупотребуваат, сведочи и фотографијата направена, пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Охрид за време на протестот.

Веќе трета недела во Скопје и во уште триесетина поголеми места во Македонија, се одржуваат протести на иницијативата За заедничка Македонија.

Се бара отфрлање на такавиканата Тиранска платформа, потпишана од лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија.

Јавноста е со поделени мислења околу нивните намери и мотиви, зашто е јавна тајна дека зад протестите стои ВМРО ДПМНЕ. Дел од медиумите и аналитичарите укажуваат дека вистинската намера е заштита на потесното раководство на партијата од кривичен прогон.

Организаторите тоа го отфрлаат, велат дека мотивите им се чисто патриотски, но во својата постапка, недозволиво, ги вклучуваат учениците и најмладите.

Во охридската гимназија – установа за средно образование, учениците со отпечатен леток се повикуваа дас земат учество на протестрите.Во Скопје, исто така, имаше слични случаи.

Најдалеку отиде директорот на едно прилепско средно училиште, кој отвоерено ги повика учениците да ја бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза, што, пак, е кривично дело!

Од СДСМ, партијата која очекува мандат од претседателот Иванов, за формирање влада, откако собра јасно мнозинство од 67 пратеника, најостро ги осудуваат притисоците како тој на директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, и ги повика институциите да реагираат.

-Новата реформска влада ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе ги спречи ваквите скандалозни злоупотреби“, реагираа од  СДСМ.

Дека децата навистина се злоупотребуваат, сведочи и фотографијата направена, пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, на протестот, на кој говореше актерот од Скопје Владо Јаневски . 

Фото/ Охрид1


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top