Се повторува минатата сезона: Поради судиски грешки Барса загуби шест бода

Драматичен ќе биде финишот на Ла Лига иако пред само еден месец се чинеше дека Барселона е сигурен шампион..

Атлетико ги искористи трите кикса на каталонскиот клуб и веќе е на само пет бода негатива на 12 кола пред крајот. Веројатно разликата ќе беше поголема да не беа судиските грешки од кои една и тоа како важна имаше на вечерашниот натпревар против Лас Палмас.

Првата се случи на дуелот со Валенсија кога при резултат 0-0 не му беше признат гол на Меси иако по неговиот шут топката ја мина гол-линијата.

Веќе во следното коло на Камп Ноу дојде Селта и тогаш му беше поништен гол на Суарез поради офсајд кој не постоеше.

Третата грешка ја направи Матеу Лахос кој вечерва досуди непостоечеки пенал за Лас Палмас по кој Барса одигра само 1-1.

Ако Барса ја загуби титулата, судиите ќе бидат на тапет. Нешто слично се случи лани кога каталонските медиуми изброија 15 бода одземени на тимот од Камп Ноу поради што Реал стана шампион со само три бода разлика.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top