Се преврте брод со 70 бегалци кај Мјанмар

Мјанмар во последните 18 месеци е зафатен од секташко насилство.

Брод со околу 70 припадници на муслиманското малцинство Рохинџа се преврте рано изутринава во близина на западниот брег на Мјанмар, а досега се пронајдени само осуммина преживеани, соопштија спасувачките екипи. 

Бродот, кој пловел кон Бангладеш и на кој се наоѓале жени и деца, се превртел во Бенгалскиот залив, четири часа откако испловил од едно пристаниште во Мјанмар.

Мјанмар, кој е главно будистичка земја, во последните 18 месеци е зафатен од секташко насилство, во кое загинале повеќе од 240 луѓе, а 250.000 морале да ги напуштат своите домови.

Денешниот инцидент се случи откако ОН неодамна предупредија дека започнал годишниот и често смртоносен егзодус на луѓето кои мораат да бегаат од насилството во државата Ракин во Мјанмар, а кој обично почнува во ноември кога морето доволно ќе се смири за пловидба.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top