Се преврте камион на автопатот Скопје - Гевгелија кај Стоби

Од МВР информираат дека камионот се превртел оти му пукнала гума, а возачот бил со лесни повреди..

Камион се превртел на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафатил по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за МИА информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот.

Од МВР информираат дека камионот се превртел оти му пукнала гума, а возачот бил со лесни повреди.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top