Се протестираше и синоќа пред домовите на пратениците од СДСМ

Протести синоќа имаше пред домовите на пратениците на СДСМ од Сопиште и Аеродром, Далибор Богдановски и Диме Велковски..

Граѓаните се револтирани од начинот на кој беше изгласан Законот за употреба на јазиците. 

Луѓето кои протестираа извикуваа „Предавник, предавник“, „Нејќам два, нејќам три, еден јазик сакам ја“, „Излези момче“. 

Во знак на револт претходно беше запалено возило на пратеничката на СДСМ од Виница, а протести беа организирани  и пред домовите на пратениците од Велес, Прилеп, Драчево, Ѓорче Петров.

На протестите се вееја македонски знамиња. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top