Се распаѓа австриската влада, сите министри од ФПО поднесоа оставки

Австриската екстремнодесничарка Партија на слободата (ФПО) објави дека сите нејзини министри во коалиционата влада формирана во декември 2017 година со конзервативниот канцелар Себастијан Курц поднесуваат оставка..

Партијата синоќа објави дека се повлекува од Владата и дека одлуката стапува веднаш на сила, без да ги чека предвремените избори кои би требало да се одржат во септември.

Министерот за сообраќај Норберт Хофер, новиот лидер на ФПО, претходно најави дека сите министри од неговата партија ќе излезат од Владата доколку канцеларот го отпушти министерот за внатрешни работи Херберт Кикл.

Партијата на слободата се најде во криза откако во петокот беше објавено видео, а во кое шефот на партијата Хајнц Кристијан Штрахе ветува државни договори на руски олигарх во разговор со жена која се претставила како негова внука.

Штрахе поднесе оставка од своите позиции вицеканцелар и шеф на партијата, но Курц сметаше и дека министерот за внатрешни работи мора да биде сменет затоа што не би можел да води објективна истрага за видеото направено на Ибица во 2017 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top