Се сеќава ли некој на него: Две децении од најлудиот трансфер во историјата на Реал

„Тој е мал, експлозивен, како атом“. Така пишуваа шпанските медиуми на 14 јануари 1999 година кога Реал Мадрид во своите редови го донесе талентираниот и надежен српски фудбалер Перица Огњеновиќ..

Навистина, не беа далеку од вистината, тогаш 22-годишниот играч на Црвена Звезда најавуваше блескава кариера и којзнае што ќе се случеше ако место во Реал, заминеше во некој помал клуб и растеше постепено. Сепак, тој одлучи да прифати голем предизвик и – не успеа.

Звезда за него тогаш доби околу 850 илјади сегашни евра, а колку лудо звучи неговиот трансфер најдобар доказ е тоа што Реал се ослободи од Ето за да отвори место за Огњеновиќ. За целиот престој на Бернабе, имаше еден блескав момент, против Еспањол кога дури и Дел Боске изјави дека му требаат повеќе играчи како него.

Србинот се задржа во Реал до 6 август 2001 година и потоа почна да се шета низ светот. Играше за Кајзерслаутерн, Далиан Шајд, Динамо Киев, Анжер, Селангор, неколку грчки тимови за крајот на кариерата да го дочека во Јагодина. Иако играше како напаѓач, постигна шест гола во 11 сезони откако замине од Реал.

Најубавите спомени од него, сепак, ги имаат навивачите на Црвена Звезда од фамозната сезона 1996/97 кога оваа млада екипа, со Огњеновиќ, Дејан Станковиќ и уште неколку фудбалери кои направија блескави кариери го елиминираа Кајзерслаутерн од КПК и играа со Барселона.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top