Се шири најопасниот вирус на светот

Преку ден некои од најопасните животни се кријат во црните длабочини на пештерите и јамите..

Кога ќе падне мрак, надвор летаат лилјаците, илјадници на број. Тие се носители на опасниот марбург вирус, болест која е опасна и таинствена, исто како и нејзиниот прв роднина – еболата.

И двете болести имаат исти симптоми и многу е тешко да се разликуваат. Дури 9 од 10 заболени со марбург умираат во рок од 7 денови. Што се случува со телото во меѓувреме, на малкумина им е познато.

Може да биде крајно опасно. Не е познато каде лилјаците одат секоја вечер, како ја сочувуваат болеста, како се шират и зошто нив не ги заразува. Неколку амарикански научници се одлучија да ја испитаат состојбата на теренот со надеж дека тоа ќе им помогне да најдат лек против марбург, но исто и против еболата. Двете хеморагични трески.

Нивната работа ни малку не е наивна. Тие одлучиле да лепат со ветеринарен лепак ситни GPS локатори на 20 лилјаци и да ги следат нивните движења.

– Сакаме да знаеме каде одат секоја вечер. Каде се хранат, каде остануваат,- вели 52-годишниот Џонатан Таунер, кој раководи со тим кој е специјализиран за истражување како се шират смртоносните вируси.

Канцеларијата за јавно здравје на САД е толку загрижена за Марбург како глобална закана што бара пари од Пентагон за истражување, така што тимот оди во Уганда за да означи лилјаци. Во Уганда, токму тоа е причината зошто повеќето пештери некогаш популарни кај туристите се затворени.

Марбург за прв пат беше идентификуван како болест во 1967 година кога заразените мајмуни беа испратени од Уганда во лаборатории во Марбург, Франкфурт и Белград. Седум лаборанти починаа за една недела. Оттогаш се пријавени стотици смртни случаи, а прашање е колку навистина има, со оглед на условите во Африка и тешко може да се разликува од еболата. Цели села и семејства беа уништени.

За научниците, успехот е да го натераат локаторот да остане на палката и не случајно да го соблече, да се џвака и, се разбира, да добие некои корисни резултати.

„Ова може да биде тотално фијаско“, вели Таунер, кој заедно со колегата Брајан Аман влегува во пештерите до 50.000 лилјаци.

Пред да ги видите, вели Таунер, мирисајте го амонијакот и почувствувајте го нивниот измет (гуано) под нозете. Лилјаците се како резервоари за вирусот, тие не му штетат на лилјакот, но вирусот се наоѓа во нивната урина, измет и плунка.

За споредба, по 40 години и повеќе од 12 епидемии на ебола во Централна Африка, сè уште не е познато кое животно е носител на вирусот, а уште помалку како станува заразено. Во тимот учествуваат и епидемиолозите Џенифер Мек Киистон и Лук Неакара и еден новинар на „Вашингтон пост“.

Мажјаците одат во пештерата бидејќи женките, кои можеби носат млади, не сакаат да бидат преоптеретени. Таунер и Аман се облечени како вонземјани. Имаат респиратори кои го прочистуваат воздухот и ги премолчуваат гласовите, кулар околу нозете за змии, три пара нараквици до лактот, отпорни на сите каснувања и целосно покриена глава. На шлемовите има камери.

По успешно фаќање на 20-тина лилјаци, на нив им биле залепени локатори. Иако првично мислеле да ги шијат, сето тоа било премногу комплиицрано и можело да го загрози животот на животното. Веднаш откако е направен тој процес, тие се вратени на влезот од пештерата и пуштени назад.

Единствен начин да се запре марбург е да се пронајде изворот. И на националните паркови во Уганда им е од интересе да се најде изборот, затоа што вирусот убива и мајмуни кои доаѓаат да ги гледаат сите туристи, а токму од тој бизнис живее пола нација.

Научниците веруваат дека е можно животните да ги лижат или јадат овошките, а истите подоцна доаѓаат во контакт со луѓето и го шират вирусот со плунка.

Откако во Бангладеж сличен вирус одзеде стотина животи, научниците открија дека заразата настанала откако сите пиеле сок од палми, кој бил инфициран. Лилјаците во текот на ноќта се собираат и контаминираат со своите секрети. Населението не сакало да верува во тоа, се додека моментот не бил фотографиран.

Жена која го преживеала овој вирус – сега помага да се најде лек

Интересен е случајот во кој жена ја преживува оваа олест. Бранс и нејзиниот сопруг влегле во пештера како туристи, со желба да видат питон. Таа не се сеќава дека нешто каснала или допрела. Била во краток шорц и сандали и таму се задржале околу 20 минути.

Нејзините симптоми се појавиле на пат кон САД. Главоболка, поддуеност, мачина. Работата на органите значително ослабнала, а седум недели била во болница. Немале претстава што може да и биде. Долго се опоравувала и со месеци се осеќала „матно“ во главата.

Тогаш го прочитала натписот на Холанѓанката Астрид Јостен, која поминала само 10 минути во истата пештера, починала за 7 денови, но имала исти, но многу посилни симптоми. Бранс веднаш побарала тест за марбург – бил позитивен Таа е прв случај на марбург во САД. Не само што е прва, туку е и прва преживеана и нејзиниот имунитет сега значително помага во создавање на вакцина против овој вирус.

Некои сметаат дека е проклетство

На локалното население им е тешко – некои сметаат дека не е болест, тоа е проклетство. Еден рудар вели дека тој е единствениот што не се заразил со болеста и јасно е дека го избира проклетството.

„И тој дури и ме касна“, вели рударот.

Од друга страна, друг селанин, Ричард Мандеј гледал како половина село починало од тоа, вклучувајќи и бремена сопруга со 18-месечен син, сега закопани во градината пред колибата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top