Се слави 11 Октомври, Денот на народното востание

Одбележувања се организираат во сите градови. Во Гостивар настанот ќе се одржи во 11 часот, пред споменикот на паднатите борци..

Денес во Македонија одбележуваат 78 години од почетокот на антифашистичкото востание. 

Организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата започнало на 11 Октомври 1941, кога Првиот прилепски партизански одред ја нападнал бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. 

Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. 

Ослободителните дејствија продолжиле на 12 октомври во Куманово каде во областа Студена вода бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот одред.

Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top