СЕ УКИНУВА ПОМЕСТУВАЊЕТО НА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ: Кога ќе го направат тоа последен пат земјите од ЕУ?

Конечно е одлучено кога во Европската унија би требало да биде укинато зимското и летно сметање на времето..

Одборот на Европскиот парламент со 23 гласа за и 11 против донесе резолуција со која одлучи во ЕУ да се укине поместувањето на стрелките на часовникот и тоа во 2021 година.

Многу земји членки воспоставија промени на времето во текот на нафтената криза во 1970 како обид за заштеда на енергија.

Од 1996 година, сите земји на ЕУ го менуваат истовремено своето време.

Предлогот сега оди пред Европскиот парламент и парламентарните земји членки на Унијата.

Претстои да се изјаснат сите пратеници на ЕП, додека од земјите членки се очекува да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското време.

Оние земји кои ќе се одлучат да го задржат „стандардното“ односно зимско време, последен пат би требало да ги променат стрелките во октомври 2021, додека оние кои се одлучат за летно сметање, тоа може да го направат во март истата година.

Одлуката сега треба да ја потврди ЕУ парламентот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top