Се урна зграда во Мумбај, загинале најмалку десет лица

Спасувачките екипи трагаат по најмалку уште 20 лица кои се водат за исчезнати..

Најмалку десет лица загинале, а 11 се повредени во уривање на четирикатна зграда во Индија, јавува „Анадолија“.

Несреќата се случила во раните утрински часови во местото Тхане кај Мумбај кој важи за финансиски центар на Индија.

Од Цивилна заштита е соопштено дека во уривањето на зградата животот го изгубиле најмалку десет, а дека се повредени 11 лица.

Спасувачките екипи трагаат по уште најмалку 20 лица кои се водат за исчезнати.

Уривањето на дотраените згради во Индија најчесто се случува во периодот на монсунските дождови кои кон крајот на летото предизвикуваат поплави и лизгање на земјиштето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top