Се уште активен пожарот во Кондово, куќите не се во опасност

Пожарот на ридот над скопското село Кондово се уште е активен откако цела ноќ пожарникарите го гасеа огнот кој ја зафати областа над селото..

Центарот за управување со кризи (ЦУК) по полноќ информираше дека околу селото е направен заштитен појас за да не се рашири пожарот.

Според информациите на надлежните институции во село Кондово нема зафатено куќи од пожарот и правецот на огнот поради ветрот е сменет, а екипите продолжуваат да работат на терен.

Од Центарот за управување информираа дека во гасењето на огнот синоќа учествувале 4 цистерни, 25 пожарникари, 9 возила на Територијалната противпожарна единица и 50 лица од месното население, а помош е побарана од Општина Сарај, од Град Скопје за дополнителни сили од комуналните служби и цистерни со вода од ЈП„Водовод и канализација“ и ЈП„Комунална хигиена“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top