Се уште е рано да се врати Русија во Г7, порача Меркел

Претставниците на земјите на Европската унија се согласија на самитот Г7 дека се уште не се исполнети условите Русија да се врати во групата, нагласила германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на самитот..

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно повика Русија да се врати во Групата 7, откако во 2014 година беше исфрлена по анектирањето на Крим.

„Зошто тогаш организираме средба, кога Русија ја нема? Ќе барам тоа се случи, но тоа зависи од нив. Дали ви се допаѓа тоа или не, дури и политички би можело да се протолкува како некоректоно, ние мора да управуваме со светот. Сега ја имаме Г7, која претходно беше Г8, но ја протера Русија“ рекол Трамп.

Наклонетост кон Русија има уште единствено италијанскиот премиер Џузепе Конте, која најави ревизија на санкциите.

Лидерите на Г7 би требало да издадат заедничко соопштение на основа на нацрт, кој веќе е подготвен, а во кој ќе изнесат заеднички став дека нивните влади треба да соработуваат и работат со интернет провајдери и компании за социјални мрежи со цел спречување на странско мешање во избори.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top