Се вмеша Гвардиола, Јунајтед останува без главното засилување за идната сезона!?

Се чинеше дека се е подготвено за трансферот на една од најголемите англиски надежи Џек Грилиш на Олд Трафорд откако бројни британски медиуми веќе го преселија фудбалерот на Астон Вила..

Сепак, во приказната се вмеша Пеп Гвардиола и сега зделката не изгледа толку сигурно. Сити најверојатно ќе го продаде Лирој Сане и со парите од него ќе се обиде да издејствува потпис од Грилиш чие заминување од Астон Вила е се поизвесно бидејќи клубот од Бирмингем е пред испаѓање во понизок ранг.

Можеби на крајот ќе одлучи сосема друг сегмент. Манчестер Сити е пред двегодишна суспензија за настап во европските купови што за млад играч како Грилиш би бил голем хендикеп. Јунајтед, од друга страна, има шанса да се пласира во Лигата на шампионите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top