Се враќа ли стариот Милан? Вакво нешто „росонерите“ не направиле од 2012 година

Не само што се зацврсти на четвртата позиција, туку Милан почна притисок и врз Интер за третото место во Серија А..

Разликата меѓу градските ривали сега изнесува само еден бод иако „нераѕурите“ имаат еден натпревар за доигрување. Добрите резултати се последица на одличната реализација бидејќи трет натпревар во првенството Милан постигнува по три гола: против Каљари (3-0), Аталанта (1-3) и сега Емполи (3-0).

Такво нешто на Милан не му се случило од 2012 година кога со Ибрахимовиќ во тимот се бореше за титулата во италијанското првенство. Тогаш дури беше и нешто поефикасен бидејќи на три натпревари постигна вкупно 11 гола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top