Се запали авион на Рајанер со 164 патници и членови на екипажот, принудно слета во Солун

Авион на ирската нискобуџетна компанија Рајанер со 164 патници и членови на екипажт принудно слета на аеродромот во Солун бидејќи во леталото избил пожар, соопштија грчките власти..

Авионот на лет од Берлин кон Атина побарал дозвола за принудно слетување на најблискиот аеродром поради пожар во кабината во момент кога летал над Халкидики, соопшти грчкото министерство за цивилна заштита.

Авионот со 157 патници, едно дете и шест членови на екипажот успешно слетал на аеродромот во Солун, се додава во соопштението кое го пренесува Ројтерс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top