Сеад Кочан денеска треба да седне на обвинителна клупа

Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи за рочиште за предметот „Труст“, во кој првосомничен е бизнисменот Сеад Кочан..

Освен него, во случајот осомничени се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Претходното судско рочиште на 7 ноември беше одложено, бидејќи адвокатите на одбраната ја немале добиено листата со докази што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство Гаврило Бубевски на минатото рочиште рече дека тие до Судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и оти според процедурата Судот е должен да и ги предаде на одбраната листите со докази покрај обвиненијата.

Според обвинението на Сепцијалното јавно обвинителство, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top