Седница за економска соработка на Северна Македонија и Бугарија

Во клубот на пратеници денеска ќе се одржи првата седница на меѓувладината комисија за економска соработка на Северна Макдонија и Бугарија..

Седницата на Бугарско-македонската комисија за економска соработка се одвива само два месеци по најголемиот бизнис форум меѓу двете земји, кој собра 100 бугарски и македонски фирми во Скопје. Со форумот претседава бугарскиот министер за транспорт Росен Жељазков и министерот за економија Крешник Бектеши.

Двајцата министри се очекува да потпишат протокол од Првото заседание на Меѓувладината комисија, како и Меморандум за разбирање помеѓу Извршната агенција за промоција на мали и средни претпријатија на Бугарија и Агенцијата за промоција на предпримништвото на Северна Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top