Седници на седум собраниски комисии

Во Собранието на Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за надворешна политика, за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за здравство, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања е Предлог-законот за енергетска ефикасност, во прво читање.

Предлог – буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во второ читање, е единствената точка за која ќе расправаат членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

На дневен ред на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе закони, меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за личното име, измените и дополнувањата на Законот за личната карта и на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, сите во прво читање.

Членовите на оваа Комисија ќе ги разгледаат и Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2018 годинa и Формирањето на работна група за зајакнување, унапредување и подобрување на соработката помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и Народниот правобранител.

На дневен ред на собраниската Комисија за образование, наука и спорт се Предлог-законот за младинско учество и младински политики, во прво читање, поднесен од група пратеници и Предлог-законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во прво читање.

Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ќе треба да се произнесат за повеќе предлог-закони за ратификација на договори, меѓу кои е Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (OEOC).

На дневен ред на собраниската Законодавно-правна комисија се повеќе предлог-закони во прво читање. Членовите на оваа Комисија ќе дискутираат за измените и дополнувањата на Законот за следење на комуникациите, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на Законот за странци…

Комисијата за здравство ќе одржи две седници, 15. и 30. седница. На дневен ред на 15-та седница е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, во второ читање. На 30-та седница ќе се разгледува Предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема: „Системот на имунизацијата кај населението од моментот на набавка, транспорт, складирање и импликација во јавните здравствени установи“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top