Седум бомби фрлени врз база со американски војници во Ирак

Четири ирачки војници се повредени во напад на ирачката воздушна воена база Балад, во која се сместени и американски трупи, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на воени извори..

Врз базата биле испалени седум минофрлачки бомби.

Изворите навеле дека бомбите биле фрлени на пистата во базата, која се наоѓа на 80 километри северно од Багдад.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top