Седум косовски Албанци осудени на 17 години затвор за учество во војната во Сирија

Основниот суд во Приштина осуди седум косовски Албанци на вкупно 17 години затвор за организирање и учество во терористичка група и нелегално поседување оружје, јави српската телевизија РТС..

Вкупно 11 лица биле обвинети за организирање на терористички групи и учество во војната во Сирија, но двајца од обвинетите се уште не се уапсени, а последниот Бетим Ибрахимај, според тврдењата на неговото семејство, загинал на фронтовите во Сирија.

Во времето кога „Исламска држава“ претставуваше сериозна закана во Сирија и Ирак, од Косово на воените фронтови во овие земји заминаа околу 300 лица, информира РТС.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top