Седум лица од Скопје и Дебар позитивни на коронавирус

Тие се дел од групата од триесетина граѓани кои беа избрани за скрининг и тестирани утрово и на чии резултати се чекаше. Вкупната бројка на заразени во Македонија е 42 лица.

Уште седум лица се носители на коронавирус, соопшти предмалку министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за четири лица од Скопје и три лица од Дебар кои беа тестирани утрово како дел од група од триесетина лица избрани за скриниг од тимовите епидемиолози.

„Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје“, соопшти министерот Филипче преку социјалната мрежа „Фејсбук“

Само во последните 24 часа се регистрирани 11 нови случаи, што е најмногу досега, а вкупната бројка сега е 42 лица кои се заразени со коронавирус.

„Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија“, инфромирае Филипче.

Според последните информации, во моментов се работат уште 22 теста во рамките на скирнингот а разултатите ќе бидат соопштени на редовната прес конференција на министерот Филипче.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top