Седум супернамирници за подолг и поздрав живот

Овие седум намирници се полни со хранливи компоненти, витамини и минерали, немаат многу калории, а ја даваат неопходната енергија..

Ако консумирате повеќе од нив, а помалку од преработената храна, магазинот Success пишува дека ќе живеете поквалитетно.

Риба

Богата е со протеини, значителен извор на омега 3 масни киселини, го зголемува добриот холестеол и ги намалува триглицеридите.

Сардините исто така содржат четири пати повеќе витамин Б12 од дивиот лосос, полни се со железо, имаат повеќе калиум од бананите и три пати повеќе селен од пилешките гради.

Јогурт

Полн е со калциум. Содржи високо ниво на витамин Д кој помага во апсорцијата на минералите.

Јогуртот се препорачува ако имате проблеми со варењето.

Чоколадо

Верувале или не, чоколадото е супер anti-age храна. Но не било која чоколада, туку темната чоколада која е полна со флавоноиди кои ја олеснуваат работата на срцето и го намалуваат ризикот од висок крвен притисок, дијабетес, болести на бубрезите и деменција.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се добар извор на незаситени масти и во пар со железото се идеален меѓуоброк. Јаткастите плодови јадете ги со чаша вино бидејќи таа комбинација штити од срцеви болести, дијабетес и Алцхајмерова болест.

Маслиново масло

Полно е со здрави мононезаситени масни киселини кои се важни во превенцијата на срцевите болести и ракот.

Јајца

Го забавуваат пропаѓањето на коските. Содржат витамини (Б2, Б5, Б12) кои се исклучително здрави за нервниот систем.

Боровинки

Преполни се со антиоксиданти, го чистат организамот, ја намалуваат количината на масти во крвта и на тој начин го намалуваат ризикот од болестите на срцето. Боровинките содржат манган, витамин Ц и К, а богати се и со калиум и фосфор.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top