Сега или никогаш: И распоредот до крајот на сезоната е на страната на Ливерпул

Кандидатите за титулата во англиското првенство не дозволуваат кикс во финишот од сезоната кога се одлучува за трофејот..

Двете екипи триумфираа во последните пет кола и со еден натпревар повеќе, Ливерпул има два бода предност во однос на Манчестер Сити. Актуелниот шампион треба да го одигра заостанатиот натпреварот против Јунајтед на Олд Трафорд, но и генерално има потежок распоред од Ливерпул.

На „црвените“ им остануваат гостувањата кај Кардиф и Њукасл и дуелите со Хадерсфилд и Вулверхемптон на домашен терен. Највисоко од нив котираат Вулфс кои се на осмата позиција, Кардиф и Хадерсфилд се во зоната за испаѓање, а Њукасл е 15. со обезбеден опстанок.

Сити го пречекува Тотенхем во следното коло, идната среда гостува кај Јунајтед, а до крајот има гостувања кај Барнли и Брајтон и дуел со Лестер на домашен терен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top