Секоја минута Австралија добива нов жител

Бројот на австралиското население достигна рекордни 25 милиони, околу една деценија порано отколку што се очекуваше..

Причината за предвремениот пораст на населението е тоа што секоја година во Австралија се доселуваат сѐ повеќе луѓе, покажуваат последните податоци на тамошната влада.

Секоја минута едно лице заминува да живее во Австралија, што ја зголемува побарувачката за живеалишта, превоз, училишта и болници, но и ја зајакнува економијата на земјата.

Според австралискиот Завод за статистика, имајќи ги предвид актуелните трендови, популацијата на Австралија за три години ќе достигне 26 милиони жители.

Австралискиот економски успех се заснова на имиграцијата. Последниот попис покажува дека повеќе од една третина од жителите на Австралија се родени во странство. Природниот прираст учествува во растот на бројот на населението со 38 проценти, а сѐ друго се должи на доселувањето.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top