Секретарот за одбрана на САД ги смирува тензиите со Северна Кореја

Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, тврди дека дипломатските напори за справување со заканата од Северна Кореја се успешни и се најповолното средство за решавање на кризата, пренесува CNN..

Неколку часови, откако претседателот Доналд Трамп ги вжешти заканите  за напад на Северна Кореја, Матис вели дека војната би била катастрофа.

Ова е втор пат неделава, клучен член на администрацијата на САД, да се обиде да ги смири тензиите по коментарите на претседателот. Државнот секретар, Рекс Тилерсон, исто така се залага за промоција на дијалог и дипломатија, пред воена акција.

Реакцијата на Матис доаѓа откако Северна Кореја се закани со напад на островот Гуам, а Трамп се закани со напад на Северна Кореја.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top