Села и Гаши наместо во ДИК на ручек во Струга со новите пратеници

Пратениците од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска во Државната изборна комисија не ги подигнаа уверенијата за нови пратеници, бидејќи наместо во ДИК биле на заеднички ручек во Струга..

По завршување на свечената седница, во просториите на ДИК уверенијата за избраните пратеници на Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива, беа подигнати од страна на нивниот овластен претставник.

–Работна средба во Струга со парламентарната група на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, се пофали на Фејсбук лидерот на Алијансата Зијадин Села.

Од фотографијата може да се забележи дека новите пратеници на работната средба не носат заштитни маски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top